Ако кучето падне во несвест и после 10 минути ладење состојбата не се нормализира, веднаш побарајте помош од ветеринар.


Кучињата за разлика од луѓето се осудени да го носат својот зимски капут по текот на целата година. Колку и да е во предност во текот на зимата, толку во текот на летото им смета. Отежнувачка околност за крзнените миленици е што се потат само на шапите. Тоа е единствениот начин на разладување заедно со брзото дишење. И ако е изложено на јака температура знае да се прегрее. Во тој случај ќе доживее топлотен удар, кој воедно е најчест здраствен проблем во текот на летото. За жал, сопствениците на кучиња, топлотниот удар го доживуваат како нешто што му се случува на некои други кучиња.  
 
Избегнувајте да ги држите на отворено на ланец или во куќарка без сенка. 
Прв и основен знак на топлотен удар е зголемена задишаност со испружен јазик. На секое појачано задишување не е потребно да се паничи, не значи дека се работи за топлотен удар(кучето се лади). Проблем може да настане ако не реагираме на задишаноста и не му обезбедиме ладовина. Последиците можат да бидат кобни.


Како да се спречи топлотен удар?

Не го изложувајте кучето долго време директно на сонце. Во превод тоа значи дневните прошетки да бидат наутро или навечер после 19:00 часот. Постојано околу него да има свежа вода за пиење, не би сметало и повремено туширање. Избегнувајте да го држите на отворено на ланец или во куќарка без сенка.

Посебно осетливи се следните раси: булдог, боксер, пекинезер, но и останатите раси кои имаат сполснати њушки, поради кои им е отежнато дишењето односно ладењето. Во ризична група спаѓаат и гојазните, постарите и кучињата со срцеви болести. Помалку ризични се кучињата кои се во добра физичка кондиција. Вашето куче никогаш не го оставајте само подолго време во автомобилот.


Посебно осетливи се следните раси: булдог, боксер, пекинезер... но и останатите раси кои имаат сплоснати њушки.

Симптоми на топлотен удар.

Зголемена температура на 40 степени, забрзано дишење, забрзано биење на срцето, општа слабост, повраќање, крвава столица... во овој момент е потребно што побрзо да се излади кучето, најдобро со туширање, но не со многу ладна вода која би предизвикала шок и додатни потешкотии. После туширањето пожелно е да се продолжи со масирање со ладни облоги( мраз во некоја крпа) постепено од нозете преку стомакот и околу главата. Ако кучето падне во несвест и после 10 минути ладење состојбата не се нормализира, веднаш побарајте помош од ветеринар.



Лечење на сончаница.

Сончаницата заедно со топлотниот удар е најчеста летна болсет предизвикана од прекумерно изложување на сонце, но се јавува и кога не е заштитена главата на кучето доволно. Воглавата на кучето, лаички кажано се случува права збрка, кучето е некоординирано, симптоми случни како кај топлотниот удар, покачена температура, општа слабост, проблеми со видот, забрзан пулс... Се што треба да се направи е да се постапи исто како со топлотен удар.

ТОПЛОТЕН УДАР...Избегнувајте да ги држите на отворено на ланец или во куќарка без сенка. Вашето куче никогаш не го оставајте само подолго време во автомобилот.