Се враќате дома и затекнувате хаос- раскинати перници, пердувуи насекаде по подот, изгрицкани чевли на сред соба, со нив расфрлани книги, а во центарот на тој ужас лежи вашиот миленик и со забите го довршува кинењето на кошулите. Веднаш штом ве здогледал се стаптисал, како да знае колку штета направил.
Кој уште љубител на кучиња не слушнал вакава или слична приказна? А може да биде уште полошо- влажен тепих, па дури и кучешки измет на креветот. Ако вам ви се случило вакво нешто, тоа е јасен знак дека итно морате да го смените односот спрема кучето.

Не викајте на кучето


Голем број на сопственици после ваква непријатна ситуација веднаш почнуваат да викаат на кучето, некои дури и го тепаат, го исфрлаат од куќата или го заклучуваат во бања. Таквите реакции се разбирливи, но потполно неприфатливи од аспект на психологијата на кучето. Ако сопственикот го казнува кога ќе дојде дома, кучето ќе го поврзе казнувањето и доаѓањето на сопственикот и ќе се плаши дури и кога го чуе звукот од автомобилот или отварањето на влезната врата. Тој меѓутоа, никогаш нема да сфати дека казната е всушност поврзана со штетата кое ја направило. Наместо тоа, сопственикот треба да знае дека додека ја правело штетата кучето било во доста лоша нервна состојба, па барало начин да си олесни на себе и да го совлада стравот.

Сопственик- алфа куче или претерана поврзнаост за сопственикот


Кога ги оставаат кучињата сами дома, сопствениците обично рутински даваат инструкции на својот миленик, зборувајќи му како треба да биде добар да не биде тепано. Кучето не го разбира значењето на зборовите, но му се јасни невербалните пораки, мимики, гестикулации, тонот на кој му се обраќа сопственикот. Во вакви ситуации кучето доаѓа до заклучок дека сопственикот е нешто загрижен, вознемирен и несигурен.Кучето на својот сопственик гледа како на водач на чопорот, алфа мажјак. Затоа секоја негова вознемиреност и страв силно се одразуваат на кучето како понизок член на чопорот. Сопственикот заминува од дома, а кучето останува само, изложено на огромна количина на стрес. Оние кучиња кои се премногу врзани за својот сопственик веднаш по неговото заминување запаѓаат во криза. Симптомите на стрес се различни. Кучето најпрво почнува да вие, па да лае, а потоа настапува деструктивна фаза кога го уништува секој предмет во своето опкружување и во најлошо сценарио врши нужда секаде по куќата. Ако сопственикот на такво куче заминува на подолг пат, а грижата за миленикот ја препушти на свој пријател или го смести во пансион, ситуацијата уште повеќе се компликува. Кај кучето тогаш  може да се јави потполн губиток на апетитот, крвава столица и видлива депресија. Ова е збор за претераната емотивна поврзаност на кучето за сопственикот, односно за непостоењето независност како важен предуслов за нормален развој на кучето. После напуштањето на одгледувачот ( најчесто помеѓу 8 и 12 недели ), штенето се врзува за новиот сопственик, односно за личноста која го храни и му посветува најмногу внимание. Така настанува афективна врска која се повеќе се развива кога порасне штенето и предизвикува екстремно високо ниво на врзнаост за сопственикот. Како не би дошло до вакви, најблаго речено непријатни ситуации, често и доста опасни по кучето, сопственикот треба своето штене на време да го навикне на своето одсуство. Така истренирано куче развива подобар систем на одбрана од стресот.

Симптоми на стресот


За да се изборат со неподносливата количина на стрес кучињата користат различни методи на одбрана кои за последица имаат појава на цела низа лесно забележливи симптоми. Во почетокот кучињата запаѓаат во состојба на преддепресивен страв, кој физички се манифестира низ јасни реакции, како често лижење на одреден дел од телото или опсесивно гризење на шепите, што може да предизвика појава на екцем или гранулом. Во доцните, тешки стадиуми се јавуваат и други симптоми : вршење нужда по куќата, анорексија, булимија, пореметување на сонот, голтање на каменчиња, парчиња дрвца, пластика и други несварливи предмети.

Најчести причинители на стрес


Покрај прекумерната поврзаност за сопственикот, постојат и многу други причинители на стресот кај кучињата. Пореметувањето на хармонијата во семејството (чопорот), после заминување на некој нејзин член ( угинување на други животни, заминување на детето на училиште, развод на сопружниците, смрт во семејството и сл. ) честа е причината за појава на стрес. Најекстремен случај представува смртта на сопственикот. Тогаш многу кучиња стануваат длабоко депресивни, често до таа мера да угинат од жалост за сопственикот. Во праксата не била ретка ситуација кога кучето ќе отиде на гробот на сопственикот и не сака да си оди, одбивајќи храна и гладувајќи се до угинивање. Стрес кај кучињата предизвикува и доаѓањето на нов член на семејството. Меѓутоа, тоа лесно се решава. Доволно е кучето пред да дојде бебето во куќата извесно време да помине во собата припремена за новороденчето, да ги намириса играчките, постелнината и гардеробата на бебето. Од породилиштето треба да се донесе една пелена и да се даде на кучето да ја помириса, како би му бил познат мирисот на бебето. До стрес, страв и депресија може да доведат и различни околности од опкружувањето во кое живее кучето. Кучињата на кои не им се посветува доволно внимание и највеќе од времето го поминуваат осамени со текот на времето стануваат доста депресивни. Ако сопственикот е под стрес, кучињата тоа го забележуваат и стануваат и самите депресивни и уплашени. Голем број кучиња се плашат од временските непогоди, особено грмотевиците, до таа мера да се во состојба кога ќе загрми да излезат низ затворен прозорец. Меѓутоа, со тренинг ваквите видови на стрес доста ефикасно може да се ублажи или потполно да се елиминира. Пореметување на навиките е уште еден причинител на стрес кај кучињата. Промените во часовите наменети за секојдневни активности добро го поднесуваат младите, здрави кучиња, но е проблем кај старите кучиња, кои тешко поднесуваат, на пример промена на времето на хранење и самото мени, посети на непознати личности, не изведување на шетање во вообичаено време и слични ситуации.

Како да му помогнете на кучето?


Во борбата против стресот најважна работа е редовна, секојдневна грижа за кучето која подразбира вежбање, игра, правилна исхрана и грижа за здравјето. Важно е рутината на кучето да не се нарушува, секој ден да јаде во исто време, да го шетате во исто време и да му дадете иста доза на љубов и внимание, независно од вашите обврски и евентуални проблеми. Подеднакво е важно и добро да го познавате својот миленик, бидејќи ако знаете кои ситуации се стресни за кучето, ќе можете да ги избегнувате и така да го заштитите кучето од стрес. Лекувањето од стрес ретко бара употреба на лекови, а многу често одмор, релаксација и едукација. Методите на релаксација се доста едноставни и се сведуваат на четкање и дневни вежби. Ако со кучето поминувате доста квалитетно време кое е пријатно и за вас и за кучето, тоа е добар пат кон отклонување на стресот и избегнување на употребата на медикаменти.