Што да прават оние луѓе кои сакаат да имаат куче, но се здобиваат со здраствени проблеми кога се во нивно присуство. 

На многу луѓе кучињата им се голема љубов. Тие се дел од фамилијата, заедно ги поминуваат сите моменти, и делуваат тераписки врз сопственикот. Но има ситуации кога некој член од фамилијата се здобива со здраствени проблеми, најчесо алергии. 
Алергијата се јавува поради еден продукт од кожата на кучето. Тој продукт или мртва кожа, се шири вo воздухот како прашина и лесно доаѓа до белите дробови. Овој продукт го произведуваат сите раси, разликата е само во количината и составот. 
Американскиот Кенел клуб има направено листа на раси ...

кои во многу мала количина го произведуваат овој продукт, а самото тоа послабо делуваат на појавата на алергија. 
Тоа се следните раси на кучиња. 
  • Бедлингтон териер
  • Бишон
  • Кинеско куче
  • Ирски воден шпаниел
  • Кери блу териер
  • Малтезер
  • Пудла
  • Ирски териер
  • Португалско водено куче
  • Шнауцер

Луѓето склони кон појава на алергија нема да ми биде лесно ни со овие раси, но едно е сигурно дека појавата на алергени ќе биде намалена, за разлика од другите раси. Во секој случај неопходно е редовно тимарење, четкање... се со цел да се отстрани мртвиот дел од кожата и влакната.