Неодамна објавените резултати на студијата од Националниот совет за домашни миленици во САД ги откриваат причините зошто луѓето ги напуштаат своите кучиња и мачки. Истражувачите поминале 12 засолништа за животни во Соединетите Американски Држави како би ги дознале причините. Резултатите на студиите покажале дека луѓето подеднакво ги напуштаат и кучињата и мачките.

10 причини зошто луѓето ги напуштаат кучињата 


Селење (7%)
Сопственикот не дозволува животни во новиот стан(6%)
Премногу животни во домаќинството (4%)
Трошоци за одржување на милениците (5%)
Сопственикот има лични проблеми (4%)

Несоодветни објекти за чување на кучињата (4%)
Кога кучката ќе се окучи и сопствениците не знаат што да прават со кученцата (3%)
Немаат време за милениците (4%)
Болест на кучето или сопственикот (4%)
Угриз од кучето (3%)

Специјално обучените истражувачи направиле доверливи индивидуални разговори со сопствениците на домашните миленици, кои ги оставиле своите кучиња во азил. На нив им било дозволено да даваат по пет причини за напуштањето на кучињата.

Според студијата:

Мнозинството сопственици се откажале од своите миленици со 47,7% кога милениците биле на возраст помеѓу 5 месеци и 3 години. Потоа, биле напуштани кучиња кои имале помеѓу седум месеци и година дена, и тие се 37.1%. Приближно половина од напуштените домашни миленици, 42,8 % кучиња и 50,8 % мачки не биле ни вакцинирани, а многу од нив дури 33 % никогаш не биле кај ветеринар.Истотака забележано е дека луѓето повеќе ги напуштаат кучињата односно мачките кои ги добиле на поклон и тие се 31,4 % кучиња и 33,2 % мачки.Кога станува збор за полот, звучи неверојатно, но кучињата подеднакво ги напуштаат и мажите и жените.
Истотака подеднакво се напуштаат и мажјаците и женките. Мнозинството од напуштените кучиња, и додека биле кај сопственикот, 96 % од нив немале никаква обука. Истотака откриено е дека кучињата ги напуштаат сите подеднакво, без оглед на нивната националност, возраст, пол, образование и др. Затоа пред да се одлучите да купите куче или ако некој ви го донесе на поклон, добро размислете дали имате услови, желба, воља и љубов да живеете со некој 14 до 15 години. Кучето не е кадифена играчка, тоа е живо суштество и кога ќе се навикне на луѓе тешко знае подоцна да се грижи само за себе.