Бидете внимателни при изборот на вашиот миленик! Секогаш внимавајте кога купувате куче или посвојувате од некого или од стационар за кучиња.

Ќе се прашате зошто е ова важно? 
Пред да го земете кучето секогаш поминете една рутинска проверка на самото место пред да го земете бидејќи при подигањето на кучето во целата таа еуфорија и емоции и љубов ќе заборавите на некои клучни работи поврзани со понатамошното здравје на вашиот миленик. Кога сте во посета на стационар или пет шоп или било кој друг објект обрнете внимание на следниве работи:
  • Дали миленикот изгледа здраво?
  • Дали објектот во кој престојува е чист и добро организиран и на кое ниво е хигиената во истиот објект?
  • Дали миленикот при првиот контакт со вас изгледа среќно, весело или пак  е исплашено, збунето со тажен поглед итн... ?
  • Дали е во добра кондиција слабо/дебело?
  • Дали температурата во објектот е соодветна?
  • Дали има влага во самиот објект?
  • Дали има достапност на свежа и чиста вода?
  • Дали има достпаност на чиста храна/чисти хранителки пред секој миленик?
  • Каков е односот на вработените према милениците и односот кој го имаат према вас однсоно каков впечаток ќе ви остават?

Секогаш треба да бидете внимателни и кога некој ви подарува миленик. Во тој случај обрнете внимание на средината во која живеело кучето како и самите луѓе и нивниот однос према миленикот. Најважно за здравјето на вашиот миленик кога го подигнувате од стационар или како подарок од луѓе и пријатели да тоа биде прочистено од паразити и да е вакцинирано и понатаму да се продолжи со ревакцинација во неговиот нов дом.
Откако ќе се одлучите да го земете секогаш водете хигиената да е на високо ниво, редовна дехилментизација и вакцинација особено во почетокот кој е битен за здравјето и на миленикот и на вас. Внимавајте на околината околу вас и спремете му одлични услови за живеење, за да знае истото дека дошло во топол дом и ќе биде содветно чувано и негувано до вас.