Во пракса кај домашните миленици, доста често се среќаваме со проблеми кои се јавуваат како осетливост на животното на некои компоненти на храна. Осетливост на храна кај животните е класифицирана во две групи: алергија и нетолерантност према одредени намирници. Основна разлика измеѓу алергија и нетолеранција е во тоа што кај алергијата во организмот на животното се јавува имун одговор, а кај нетолеранција, имун одговор нема.

Што од клинички адспект се разликуваат овие две заболувања важно е затоа што освен откривање на намирниците кои предизвикуваат алергија и нетолерантност, потребно е да се примени и соодвеена терапија која се разликува за овие две заболувања. Тегобите предизвикани од храна, се честа причина за хронични заболувања кај кучињата и мачките, но тешко се дијагностицираат и со самото тоа представуваат долготрајна причина за проблемот кој се јавува.

Клинички знаци

    Клинички знаци кои се јавуваат кај животните кои се осетливи на одредени намирници во исхраната се: постојан пролив кој варира во конзистенцијата, може да биде потполно течен, со примеси на крв , а може да биде и со кашаста конзистенција. Повремено може да се јават пократки периоди кога столицата на животното е веќе формирана. Се случува и обилно и упорно повраќање. Младите животни заостануваат во растот и развојот. Заболените животни се приметливо слаби. Покажуваат и знаци на вознемиреност кога ќе им се допре стомакот. Се случува од време на време, животното кое било потполно мирно и дремело на своето вообичаено место, нагло да стане, да зацвили, стенка, се завртува гледајќи накај стомачната празнина. Меѓутоа, во шетање или играње, животното се однесува нормално, весело е , и активно  и до поодминат стадиум на болеста, не се однесува како да е болно. Телесната температура на животно е во границите на нормала. Што се однесува на старосната возраст на која тие се осетливи на некои намирници на храна нема правило, меѓутоа кај некои се развива со тек на време каде видливата манифестација се јавува на возраст од пет од шест години старост.

Многу е тешко да се дијагностицира  и самоуверено да констатираме нетолерантност или алергија на животните на храна. Дури и ако правилно се постави сомнеж на можна алергија и нетолерантност на храна како причина за стомачни проблеми кај животните, тешко може да се утврди која состојка на храната животното не ја толерира. За да се дојде до правата дијагноза, потребно е доста трпение и време, како ветеринар и исто и кај сопственикот на животното. До дијагнозата се доаѓа до елиминација на сите други потенцијални причини кои даваат слична клиничка слика кај животните. Ветеринарот од сопственикот мора да ги добие сите податоци за вакцините кои животното ги примило, редовност на третирање против цревни паразити, т.н. чистење од глисти, навики на животното – дали е склоно да јаде храна од улица, дали лови, дали е лакомо, зема ли храна други луѓе  и како се составени оброците на животните. Животното треба детално да се прегледа од ветеринар и обрати внимание на  евентуално постоење на клинички знаци на некои системски болести. Ако животното не е редовно третирано против цревни паразити или ако ветеринарот процени дека е потребно, треба да се изврши и преглед на измет на пациентит, да би се како причина елиминираат цревните паразити.Следен важен метод во дијагностиката е рентгенолошкиот преглед на желудечно-цревниот систем со чија помош можеме да добиеме важни податоци за евентуално постоење делумни препреки во проодноста на системот за варење. Ако ни рендгенолошкиот преглед не даде дијагноза, потребно е да се изврши преглед на крв кај пациентот. Со прегледот на крв можеме да ги елиминираме бактериските инфекции, смалена функција на панкреасот, и заболувања на црниот дроб.
Имунолошките тестови со чија помош во крвта се утврдуваат антитела специфични за антигени на храна, за сега не покажале резултати во клиничката пракса кај малите животни, така да не се применуваат.
Кога сме ги елиминирале сите наведени можни причинители на гастроинтестинални проблеми, или уште подобро, истовремено со вршење на наведените анализи, го ставаме пациентот на елиминациона диета. Во почетокот на диетата, ветеринарот се труди да препише таков начин на исхрана која ќе ги задоволи сите потреби на пациентот а која ќе се состои од што помалку број на намирници и тоа , ако е можно, од оние намирници кои животното претходно не ги конзумирало. Обично се препишуваат или комерцијални храни направени за животни со  алергиски проблеми или дома спремени оброци кои се состојат од ориз во комбинација со посен, несолено сирење, или пилешко, или јагнешко,зајачко ..... во зависност од тоа со што се хранело животното претходно. Животното треба да биде на оваков режим на исхрана бар шест недели за да има успешност во терапијата и таа да биде видлива. За да се открие причината за осетливост, во пропишаната диета се воведува во долг временски период една по една намирница која животното порано ја конзумирало. Кога ќе дојде до повторно појавување на симптомите на болеста, тоа значи дека во исхраната онаа намирница која е воведена животното не ја толерира.
Едно од скоро откриени заболувања врзани за осетливоста на животните на поедини состојки на храната е глутен-осетлива болест кај ирскиот сетер. Глутенот е т.н житен протеин. Ова заболување се јавува кај млади кученца на расата ирски сетер стари шест месеци. Се манифестира со губиток на телесната маса, слабо напредување и заостанување во растот како и појава на хронични проливи. Ова заболување со истата клиничка слика и слични механизми на настанување постојат и кај луѓето. Клиничките методи, како и лабораториските прегледи доста е тешко да се дијагностицира ова заболување, па затоа најчесто се дијагностицира со селективна диета кога во исхраната потполно се исфрлаат цералите. По исфрлање на цералите од исхраната заболувањето брзо исчезнува. Ако во исхраната се дадат повторно цералите, доволно е едно тенко парче леб дневно, и симптомите се враќаат повторно.

Терапија

   Кога ќе се открие која намирница предизвикува осетливост кај животните, терапијата е доста едноставна и се состои само од елиминација на намирниците во понатамошната исхрана на животните. Кај тешки случаи, во почетокот на елиминационата диета, ветеринарот понекогаш препишува лекови. Недосататок на витамини и минерали кои се јавуваат поради пореметената функција во желудочно-цревниот систем потребно е да се корегира со давање минерално-витамински препарати.