Главна улога во формирањето на забниот каменец има забниот плакт. Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти. Може да се отстрани со стругање или четкање.

Има неколку причини кои доведуваат појава на забен каменец :
- Недостаток на орална хигиена
- Кога кучето јаде само мека храна
- Неправилна положба на забите
- Зголемена рапавост на забите

Мерки кои треба да се превземат.
Каменецот се отстранува по стоматолошки пат. Постапката се изведува во општа анестезија и трае околу 15-20 минути. Во анестезија се воведува после извршен клинички преглед. Механичкото отстранување се изведува со помош на стоматолошки инструменти, ултразвучно чистење, брусење и полирање со специјални пасти.
Само преку овие фази отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.