Ремедиум Вет

Забен каменец кај кучињата

Главна улога во формирањето на забниот каменец има забниот плакт. Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти. Може да се отстрани со стругање или четкање.

Има неколку причини кои доведуваат појава на забен каменец :
– Недостаток на орална хигиена
– Кога кучето јаде само мека храна
– Неправилна положба на забите
– Зголемена рапавост на забите

Мерки кои треба да се превземат.
Каменецот се отстранува по стоматолошки пат. Постапката се изведува во општа анестезија и трае околу 15-20 минути. Во анестезија се воведува после извршен клинички преглед. Механичкото отстранување се изведува со помош на стоматолошки инструменти, ултразвучно чистење, брусење и полирање со специјални пасти.
Само преку овие фази отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.

1 thoughts on “Забен каменец кај кучињата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *