Ремедиум Вет

Галерија: Забен каменец кај кучињата

Главна улога во формирањето на забниот каменец има забниот плакт. Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти. Може да се отстрани со стругање или четкање.

ИМА НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ПОЈАВА НА ЗАБЕН КАМЕНЕЦ :

  • Недостаток на орална хигиена
  • Кога кучето јаде само мека храна
  • Неправилна положба на забите
  • Зголемена рапавост на забите
  • Ретенција на млечни заби

Мерки кои треба да се превземат.Каменецот се отстранува со стоматолошка интервенција. Постапката се изведува во општа анестезија и трае околу 15-20 минути. Во анестезија се воведува после извршен клинички преглед. Механичкото отстранување се изведува со помош на стоматолошки инструменти, ултразвучно чистење, брусење и полирање со специјални пасти.Само преку овие фази отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.

 

 

Related Posts

2 кометнари на “Галерија: Забен каменец кај кучињата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *