Ремедиум Вет

Љубовта спрема кучињата е наследна особина

Научниците од целиот свет спроведуваат разни истражувања и експерименти, помеѓу останато се занимаваат и го испитуваат генот кај луѓето кој е одговорен за покажување и оддавање љубов спрема кучињата.

Според едно такво истражување на шведскиот универзитет во Упсала, се докажало дека љубовта спрема кучињата е наследна особина.

Имено тие го испитувале однесувањето, склоноста и желбата да имаат куче  на 35.000 парови близнаци. Добиените резултати говорат дека одлуката дали ќе имаат куче или не, делимично зависи и од генетските предиспозиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *